Гаџа: Се наежив уште додека се интонираше химната на Лигата на шампиони (ВИДЕО)

Организаторот на играта на Вардар, Анте Гаџа почнува да покажува сè подобри игри во дресот на Вардар, па тоа доаѓа до израз и на натпреварите и влијае на резултатот. Тој коментираше за денешната игра пред камерата на 24 Ракомет ТВ, а вели дека е прекрасно да се игра пред публика. Воедно речеи дека од атмосферата се наежил уште на почетокот при преставувањето. „Уште во моментите кога се интонираше химната на Лигата на шампионите му реков на Тото дека се наежив. И тој го потврди истото. Навистина беше феноменално. Во еден момент кога имавме црна дупка навивачите не извлекоа и среќни сме што дојдовме до победа денеска“, коментираше Гаџа за 24 Ракомет ТВ. Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото.