Во Струга свечено отворно новото поглавје: Ракометната пасија со 50 годишна традиција (ФОТОГАЛЕРИЈА)

СТРУГА 2022: Отворање на турнирот

Со звуците на македонската химна „Денес над Македонија“ во изведба на трио Џентлмен, на ракометното игралиште „Горан Попоски-Бабец“ свечено е отворено уште едно издание на интернационалниот ракометен турнир „Вангел Баљукоски-Баљук“ . За одличната атмосфера заслужно беше балетското студио Бах, а по поздравниот говор на пртседателот Кирчо Јованоски и претставувањето на екипите учеснички славеничката атмосфера на 50 годишнината од турнирот се заокружи со огномет. Свечен почеток за славенечкото издание и потсетување на традицијата која ја носи...