Екипата на Тиквеш во спортската сала “Јасмин” успеа да се избори за бод против фаворизираниот тим на Алкалоид во драматичен дуел во кој пречката од голот беше спасителот, 31-31.
Иако тимот на Алкалоид се наоѓаше пред победа, сепак, упорните ракометари на Тиквеш не дозволија гостинот од Скопје да освои цел плен во Кавадарци.
На минута пред крајот беше 30-28, но Кондев ја врати неизвесноста со голот за 30-29, потоа беше 31-30 кога имаше да се игра уште дваесетина секунди, а Тиквеш одигра пресинг. Гостите погрешија, а домашните побараа тајм-аут.
Тиквеш тргна во напад, Симиќ погоди во голот на Трајкоски, а потоа Маркоски на три секунди до крајот ја погоди пречката на голот на домашните и мечот заврши реми, 31-31.
Невидена драма во Кавадарци – Храбриот Тиквеш се избори за реми со Алкалоид!
Велков е „зицер“ мајстор – им фати три по ред на Алкалоид (ВИДЕО)
Место ракомет, ’војна’ на терен – влетаа сите ракометари и тренери…(ВИДЕО)