ВЛОГ 3: Селата околу Дебрецин, „Македонските Црногорци“ и птицата „Феникс“ (ВИДЕО)

Машката репрезентација на Македонија денеска го има вториот предизвик на Европското првенство во Унгарија и Словачка и ќе се соочи со Црна Гора. Вчерашниот слободен ден во Дебрецин беше искористен за кратка средба со дел од ракометарите и селекторот, како и за обиколка на знаменитостите на Дебрецин, меѓу кои и статуата на птицата Феникс. Вечерта беше резервирана за посета на Балмазујварош, место 30 км од Дебрецин, каде што се сместени Црногорците. Таму ги слушнавме нивните очекувања пред мечот со Македонија.