Владимир Трајкоски е нов член на Скопје

Тимот на Скопје, кој вчера ги започна подготовките за новата сезона, го донесе петтото засилување во своите редови.

Станува збор за довчерашниот член на Прилеп, Владимир Трајкоски. Новиот член на Скопје настапува на средната бековска позиција, а освен за екипата на Прилеп, има настапувано и за Голден Арт.

Младиот ракометар беше дел од шампионската генерација на Прилеп, која во 2018 година го освои трофејот во кадетскиот шампионат.

Претходно Скопје се засили со десниот бек Жарко Барјактаревиќ, голманот Никола Радовановиќ, крилото Дамјан Јакимовски, како и пивотот Игор Трајковски.

Избраниците на Горан Кузманоски во новата сезона во Суперлигата ќе играат во групата Б. Ривали на Скопје ќе бидат екипите на Еурофарм Пелистер, Тиквеш, Пролет, Еурофарм Пелистер 2, Голден Арт, Радовиш и Јуниор КВ.