Вардар игра магично, Вардар игра фантастично…„Комити“ со играчите го прославија триумфот (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар го совладаа Мешков Брест со 35-27 и го запишаа првиот триумф во новата сезона од Лигата на шампионите. Со поддршка од навивачите на трибините, македонскиот првак му се одмазди на белорускиот за поразот минатата сезона. На крајот, како во старите добри времиња, се славеше и се пееше со навивачите во еден глас „шампионе, шампионе“....