Вардаровите срца трепереа до самиот крај, за финале по вкус на струшката публика (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар – Бутел турнир во Струга

Вардар славеше против Бутел Скопје со 25-24 во вториот натпревар од групната фаза на Струшкиот турнир и со првото место обезбеди меч за трофеј против Еурофарм Пелистер утревечер на отвореното игралиште "Горан Попоски Бабец". Иако не блескаа, сепак на крајот се радуваа избраниците на Веселин Вујовиќ. Во мечот за трето место ќе играат Тиквеш и Бутел, а за петто место ќе се сретнат Струга и Металург.