Брестовац со деби одбрана во европските купови (ВИДЕО)

Младиот голман на Металург, 16-годишниот Давид Брестовац против Висла Плоцк го забележа својот втор настап во Лигата на Европа. На втората средба тој успеа да ја забележи и првата одбрана така што имаше успешно деби за него во сениорскиот тим на Металург. Покажа дека се работи за голем талент од кој допрва може да се очекуваат игри со кои ќе си потврдува своето место во составот на Металург.