БРАВО ЗА КАДЕТИТЕ – самите ја испеаја целата химна, а организаторот им ја пушти само првата строфа

Кадетската репрезентација на Македонија обезбеди место на следното младинско ЕП 2024 година и на следното кадетско СП 2023 година, откако оваа генерација победи на Б европското првенство што се играше во Рига, Летонија. Во финалето нашите ракометари ја победија Швајцарија со 24-22, а дури четворица играчи од нашата репрезентација се најдоа во идеалниот состав.
Организаторот при интонирање на химната ја пушти само првата строфа, а кадетите заедно во еден глас ја довршија целата химна на Македонија. БРАВО.