Босна е штиклирана, допрва следуваат вистинските предизвици за младинките (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија – БиХ У19 жени

Младинската женска репрезентација на Македонија имаше перфектен старт на ЕХФ шампионат што стартуваше денеска во Скопје. Избраничките на Љубомир Савевски триумфираа убедливо со 11 голови разлика, 39-28 над Босна и Херцеговина. Нашите ракометарки одиграа одлично во нападот со 76% реализација, додека и голманките беа одлични со 15 интервенции. Следен предизвик ќе биде селекцијата на Фарски Острови в понеделник, додека вистинскиот испит за можностите ќе биде средбата со Холандија, која славеше убедливо над Косово со 53-14.