Блажески е мајстор за зицери – како го растажи Тиквеш во последната секунда (ВИДЕО)

Бутел Скопје славеше на гостувањето кај Тиквеш со 27:28 (14:13) во натпревар од 8. коло во суперлигашкиот плеј-оф и го осигура третото место во оваа сезона во најсилната конкуренција, веднаш зад Вардар и Еурофарм Пелистер. Составот на Кристијан Грчевски беше предводен од голманот Бојан Блажески, кој натпреварот го заврши со 15 интервенции и еден гол. Младиот голман ја оправда дадената доверба од Грчевски и се покажа како клучен за победата на неговиот тим. Токму Блажески беше херојот на бутелци откако го одбрани зицерот на Лазов за реми во последната секунда. Неизвесната завршница која се одвиваше во СЦ „Јасмин“ може да ја погледнете на видеото во продолжение...