Битолчани доминантно до финале, во исчекување на нов дуел со Вардар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Е.Г Пелистер – Тиквеш струга турнир

Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа убедливо против Тиквеш со 38-21 и обезбедија прво место во групата на Струшкиот турнир. Битолчани уште од стартот наметнаа свое темпо и успеаја да направат солидна залиха што ја одржуваа до самиот крај. Тие сега ќе чекаат исходот од натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје за да дознаат дали ќе има реприза од ланското финале кога го освоија трофејот.