Битолската одбрана повторно поцрвене – Маркоски го нокаутира Малус (ВИДЕО)

Кон крајот на првиот дел, од првиот четвртфинален дуел меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест го видовме и третиот црвен картон. Во полувреме за заборав за битолчани, покрај негативата од 9-13 имаат и два играчи со црвени картони. По Обрадовиќ, Никола Маркоски играше надвор од правилата на фер плејот, а хрватските арбитри оценија дека фаулот над Јака Малус е за црвен картон. Од почетокот на натпреварот Мешков игра без французинот Бонефи кој исто така заработи директен црвен картон.Победникот од двомечот меѓу овие две екипи ќе игра на Ф4 завршницата од СЕХА лигата во Задар.