АТРАКЦИЈА ВРЕДНА ТРИ БОДА: Како Кондев го украде шоуто во Богданци (ВИДЕО)

Младост и Тиквеш одиграа максимално интересен натпревар во плеј аутот од Супер лигата. Кавадарчани со херојски пресврт ги освоија бодовите и го задржаа максималниот ефект откако триумфираа со 21:22. Младост пропушти голема шанса да тирумфира, на триесетина секунди до крај имаа напад при нерешен резултат но погрешија, и во контра најпрво му испадна топката на Кондев но успеа да ја задржи некако и со удар зад грб погоди за голема победа на жешкиот терен во Богданци.