АТРАКЦИЈА во Прва лига – Шампион „режираше“ цепелин против Металург РА (ВИДЕО)

Ракометарите на Шампион во рамки од 6. коло во плеј-аут фазата во Првата лига убедливо беа поразени од Металург РА, со резултат 31:22. Избраниците на Слободан Чивлачки парираа петнаесетина минути и во останатиот период од натпреварот немаа доволно сили за надигрување против второпласираната екипа на табелата. „Гостите“ во текот на првиот дел постигнаа цепелин, кој беше реализиран од најдобриот стрелец во тимот, Александар Велјановски, а за асистенцијата се погрижи Бобан Дебрешлиоски.