Атракции и фрустрации, за голманите овации (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар – Порто

Ракометарите на Вардар не успеаја да врзат две победи во Лигата на шампионите откако денеска одиграа нерешено против Порто со 25:25. Кога ќе се согледа целата средба јасно е дека ова беше дуел на кој епилогот можеше да биде и во полза на Вардар, но и во полза на Порто. Оттаму на крајот ова беше епилог од кој до некаде можат да бидат задоволни и едните и другите. Оваа средба донесе ракомет каков што се очекуваше. Репрезентативците на Македонија на головите на двете страни беа тие кои доминираа и имаа одлична претства што може само да го израдува селекторот Данило Брестовац пред ноемвриските квалификации за ЕП. Што се случуваше на теренот може да се види и низ фотографиите.