Атрактивен погодок од „паркинг“, голманот немаше шанси да одбрани (ВИДЕО)

Ракометарите на Балатонфуреди играат во одлична форма во домашното првенство и со победата на дуелот против Ференцварош со 32:28 стигнаа до третата победа по ред. Еден од најефикасните на овој натпревар беше Дејан Малиновиќ кој за победничкиот тим постигна пет гола. Особено атрактивен беше погодокот кон крајот на првиот дел кога Малиновиќ испрати бобма од 12 метри која противничкиот голман не успеа да ја одбрани. Атрактивниот погодок погледенте го во следното видео.