Аморим ја напушти Македонија, се враќа во Москва

Едуарда Аморим која во изминатиот период престојуваше во Македонија се враќа во Русија во Москва, објави таа на нејзиниот Инстаграм профил.

На последниот натпревар на Ростов Дон отуствуваа сите странци од тимот, а Аморим сега очигледно се враќа во тимот. Ростов Дон претходно официјално објави разделба со Украинката Викторија Боршченко, а го раскинаа и договорот со стратегот Пер Јохансон.

Периодот додека престојуваше во Македонија Аморим го искористи и да го следи натпреварот помеѓу Македонија и Словенија во рамки од ЕХФ Купот.