понеделник, ноември 11, 2024

📷 ОХРИД 2024: Тимот од Автокоманда одработи рутински, уште еден услов за мак битка за трофеј

Охрид 2024: Алкалоид – Ловќен

Македонскиот освојувач на Купот ја запиша третата победа на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ и го освои првото место во групата што носи финале. Тимот од Автокоманда славеше против Ловќен со 34-30. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мартин Серафимов со шест гола, како и Иван Џонов и Александар Петковски со по пет погодоци. Во тимот на Ловќен се истакнаа Данило Пајовиќ и Божо Брновиќ со по шест гола. Во финалето „сино-белите“ ќе играат против победникот од дуелот меѓу Вардар и Целје.