🎥Еве како Брестовац спаси пораз на Македонија

Машката младинска репрезентација на Македонија одигра нерешено против Полска, 24:24, на мини-турнирот во полскиот град Олецко. Комбинираната Македонија водеше со 21:17 во 43-та минута, но домаќините не се откажаа и се вратија во игра. Иако Македонија имаше 24:23 на минута пред крајот, Полска од пенал израмни на 24:24, а потоа избраниците на Стојановиќ не успеаја да дојдат до реализација. Домаќинот го имаше последниот напад, а нашиот голман Давид Брестовац го одбрани шутот на ривалот и така обезбеди реми.