понеделник, септември 27, 2021

Скубе: И покрај сите проблеми – сигурен сум дека Вардар има убава иднина! (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар и покрај сите проблеми и заминувањето на Кристопанс и Атман успеаја да го совладаат тимот на Мотор Запорожје со 38:28 со што дојде до потребните два бода за пласман во осминафиналето. Малку пред оваа победа на Вардар, триумф имаше и Монпелје над Мешков Брест, па веќе нема дилеми за местото на вардарци во елиминациите. Средниот бек Сташ Скубе вели дека и покрај проблеми, европскиот шампион има убава иднина.