Промовирана химната на Мундијалот – „Држете се заедно“ (ВИДЕО)

ИХФ ја објави химната на претстојното Светско првенство во Полска и Шведска. Таа носи наслов „Држете се заедно“ или „Stick together“ што ја изведува полската пејачка Алисја Шемплинска. Оваа пејачка е голема ѕвезда во нејзината татковината и победи на домашниот избор за песна на Евровизија во 2020 година. Мундијалот ќе се игра во девет градови во Полска и Шведска со 32 селекции од 12 до 29 јануари, а Македонија ќе биде во група со Норвешка, Холандија и Аргентина. Слушнете ја химната на СП...