Ни тројца не можеа да го запрат – Лекаи со гол „а ла Миркуловски“ за голем триумф на Унгарија (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Унгарија оствари многу важна победа против големиот ривал Германија 29:28, а најзаслужен беше средниот бек Мате Лекаи. Организаторот на играта на Унгарците ја презема одговорноста во завршницата и донесе победа за својот тим во стилот на некогашниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски. На триесетина секунди до крај и нерешено, Унгарија имаше напад кој Лекаи го реализираше со фантастичен продор низ тројца противнички играчи. Голот за победа можете да го погледнете во следното видео. Унгарија во следната фаза пренесува шест бода и има добри шанси за пласман во четвртфиналето.