понеделник, септември 26, 2022

Макуц за 24Ракомет ТВ: Ќе гледам снимка од финалето и ќе уживам (ВИДЕО)

Ракометарите на Барселона ја одбранија титулата во Лигата на шампионите откако во финалето славеа против Келце со 37:35 после изведување на пенали. Средниот бек на Барселона, Домен Макуц, заедно со својот тим вторпат по ред ја освои титулата во Лигата на шампионите, а според словенечкиот репрезентативец, кој одигра солидна сезона во каталонскиот гигант, клучни моменти за освојување на титулата биле големата желба и борба, кои ги покажале во „Ланксес Арената“. Целосната изјава на младиот ракометар од редовите на шампионската екипа може да ја погледнете на видеото во продолжение.