понеделник, јануари 29, 2024

Кудуз за 24 Ракомет ТВ: Одигравме чудна средба, промашивме многу зицери… (ВИДЕО)

Засилувањето на Вардар на бековската линија, Анте Кудуз после победата против Бутел Скопје имаше одредени критики за играта при која имаше многу промашен зицери. Смета и дека Бутел имал среќа бидејќи многу од топките кои се одбиваа завршуваа кај ракометарите на противникот. Воедно со нетрпение го очекува првото дерби со Еурофарм Пелистер бидејќи во средата не играше во Супер купот. Комплетната изјава на Анте Кудуз може да ја погледнете во видеото.