четврток, октомври 21, 2021

Еурофарм Пелистер 2 не се шегува, победничката серија продолжи и во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје 2020 – Еурофарм Пелистер 2 (Супер машка лига)

Составот на Еурофарм Пелистер 2 дојде до победа од 29:24 на гостувањето во Скопје кај дебитантот во Супер машката лига во 6. коло. Гостите беа во предност во текот на целата средба така што дојдоа до петтата победа сезонава и се во горниот дел на табелата. Скопје 2020 останува и понатаму без бодови.

Составот на Еурофарм Пелистер 2 победи на гостувањето во Скопје кај тимот на Скопје 2020 со 29:24 и обезбеди нови три бода со петтата победа во Супер машката лига. Битолчани се веднаш зад Вардар на табелата, а рамо до рамо со првиот тим и со Пролет. Скопје 2020 и понатаму е без триумф и без бодови така што ќе биде доста тешко и во продолжение од сезоната за да се поправат работите со оглед на квалитетот на ривалите. Еурофарм Пелистер 2, пак, само докажува дека има квалитетен состав бидејќи победуваше и против ривалите за плеј-оф.