Гол за сите времиња – шрауба каква што ретко се гледа (ВИДЕО)

Во словенечкиот шампионат се одигра неизвесен натпревар помеѓу Љубљана и Марибор. Победник беше екипата на Љубљана која на свој терен го изненади Марибор со 30:26. Покрај победата, се славеше и атрактивниот гол на домашниот ракометар, Миха Томшиќ. Ракометарот Томшиќ во последниот напад  на неговата екипа постигна ретко виден гол на ракометните терени. Фото: siol.net