Божиќ-Павлетиќ за 24 Ракомет ТВ: Металург нѝ зададе многу проблеми, но среќни сме што победивме (ВИДЕО)

Новиот интернационалец од Хрватска во редовите на Еурофарм Пелистер, Јосип Божиќ Павлетиќ добро се адаптира на условите во новиот клуб и тој сигурно ќе биде големо засилување за тимот од Битола. После победата против Металург имаше свое размислување и вели дека противникот им задал многу проблеми, но дека се задоволни што успеале да дојдат до победа на овој натпревар. Комплетната изјава може да ја слушнете и погледнете во видеото.