📷 Вардар загуби првпат во 2025 година – но поразот беше болен!

Вардар – Еурофарм Пелистер, тага вардарци

Ракометарите на Вардар во 2025 година го доживеаја првиот пораз, но тој беше најболен бидејќи се случи во решавачката битка за титула. Еурофарм Пелистер славеше со 32-30 среде Скопје и се радуваше на трета по ред шампионска титула во Македонија. Вардарци играа одлично и запишаа 19 победи во суперлигашката конкуренција и во Купот на Македонија и само едно реми. Но сепак кога најмногу требаше да слават, тие подлегнаа на притисокот и иако водеа со пет гола разлика, на крајот загубија дома од големиот ривал