📷 СТРУГА 2025: Нови „дијаманти“ од расадникот – ревија на млади и талентирани стружани

ГАЛЕРИЈА Струга – Бурса

Ракометарите на Струга по поразот од Бурса со 37-28 ќе се борат за петтото место на домашниот традиционален турнир утре од 10:30 часот во дуел со Раднички Крагуевац. Но ова што треба да ги радува домашните љубители на ракометот се новата генерација млади ракометари кои ги промовираа во расадникот на ракометари. Тренерот Жарко Ферукоски им даде шанса на Вељаноски, Ѓоргоски, Димоски, двајцата Танаскоски, Ерен, Ферукоски, Билбилоски....