📷 СТРУГА 2025: Бутел го знае лекот за Тиквеш – првпат ќе игра финале

ГАЛЕРИЈА Тиквеш – Бутел

Ракометарите на Бутел Скопје за првпат ќе играат за трофеј на традиционалниот турнир во Струга, откако го совладаа Тиквеш од Кавадарци со 31-30 во интересен и драматичен натпревар до самиот финиш. Момците на Горан Кузманоски покажаа карактер и срце, се вратија од голема негатива на паузата, 20-15 и на крајот заслужено слават за прво место во групата и пласман во финалето. Мечот меѓу Охрид и Бутел Скопје за трофеј е на програмата утревечер од 20:45 часот на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“.