📷 Романија ја оставаме зад себе, Исланд е шанса за поправен

Македонија – Романија U21

По поразот од Фарски Острови во првото коло, машката младинска репрезентација на Македонија загуби и од Романија со 28-27 во второто коло од Светското првенство во Полска. Иако имавме шест гола предност, потоа и плус пет разлика во повеќе наврати, на крајот натпреварот влезе во драматична завршница и противникот успеа да слави. За Македонија останува дуелот со Исланд од групната фаза и потоа разигрувањето за пласман.