понеделник, ноември 3, 2025

📷 Ракометна вечер исполнета со шампиони, емоции, признанија и елеганција

Ракометари на годината 2025 – РФМ

Ракометната федерација на Македонија ги прогласи најдобрите за минатата натпреварувачка сезона. Новото раководство на македонската куќа на ракометот се реши да го врати изборот, кој долги години не се одржуваше. Изборот започна со минута аплауз за Александар Јовиќ и Илија Темелковски, двајца ракометни работници кои ги загубивме оваа година. За најдобра ракометарка за минатата сезона е избрана Катерина Дамјаноска од шампионот Ѓорче Петров, додека најдобар ракометар е Филип Кузмановски од шампионскиот тим на Еурофарм Пелистер. Во изборот на фановите на социјалните мрежи, во овие две категории победници беа Теодора Гулицоска и Никола Митревски, а постхумно признание имаше за Илија Темелковски. Фото: РФМ