📷 Ракометен караван полн со деца, насмевки, дружење и забава

РАКОМЕТЕН КАРАВАН

Првиот ракометен караван во организација на Ракометната Федерација на Македонија се одржа во Охрид каде повеќе од 200 деца од Охрид, Струга и Ресен се дружеа со женската репрезентација, со ракометните легенди, малку спортуваа, се забавуваа и добија „ракометна терапија“ и препорака да останат во салите, да тренираат и да напредуваат. Сите добија порадоци, некои и селфи фотографија, со порака - СЕ ГЛЕДАМЕ СЛЕДНИОТ ПАТ ВО БИТОЛА