📷 „Црвено-црна“ радост во битолскиот храм – се вжештува битката за титула

Еурофарм Пелистер – Вардар април 2025

Ракометарите на Вардар славеа во Битола кај шампионот Еурофарм Пелистер со 35-34 и сега ќе ја имаат пол-позицијата во битката за титулата. Во драматичен натпревар, кој беше решен во последната секунда со голот на Дмитро Горига, вардарци се израдува на победа што може да биде многу значајна во следните пет кола. Вардар сега има 12 бодови на првото место, Еурофарм Пелистер е втор со 11 на втората позиција, но и покрај тоа титулата многу веројатно ќе се решава во Скопје на 7/8 јуни во последното коло.