🎥Пех за шампионот – се повреди Цветан Кузманоски!

 

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го задржаа максималниот ефект во плеј-офот од Супер лигата, откако на гостувањето кај Бутел триумфираа со 34:22 во натпревар од 4. коло. Во 42-та минута, се повреди членот на Еурофарм Пелистер, Цветан Кузманоски, кој по една контра имаше лош пад по доскок, незгодно падна и со помош на своите соиграчи мораше да го напушти теренот. Во следниот период ќе се знае дали стружанецот има сериозна повреда.