🎥 Во друштво на Гидсел, Кошта, Нилсон…проектилот на Хенигман во ТОП 5 голови на колото

Еурофарм Пелистер одигра меч за заборав на гостувањето кај ПИК Сегед и загуби со 35-20 во 8 коло од Лигата на шампионите. Како мала утеха е тоа што медиа тимот на ЕХФ го смести проектилот на Ник Хенигман во ТОП 5 погодоци на колото во најелитното европско клупско натпреварување. Покрај Хенигман, таму се најдоа и Нилсон од Алборг, Муше од Магдебург, Кико Кошта од Спортинг и Гидсел од Фуксе Берлин...