🎥 Чаневски е мајстор за пенали - им фати четири на кавадарчани! - 24 РАКОМЕТ

🎥 Чаневски е мајстор за пенали – им фати четири на кавадарчани!

Голманот Градимир Чаневски беше меѓу најзаслужните поединци за убедливата победа на Охрид против Тиквеш со 40-20. Чуварот на мрежата запиша 17 интервенции, од кои четири беа по удари од седум метри. Чаневски им одбрани пенали на Кофиловски, Димовски, Мијатовиќ и Манасков, па уште еднаш покажа дека е мајстор за бранење на ударите од седум метри...