🎥 Бизарен момент во ЛШ – тренер удри противнички играч!
Бизарна сцена ја одбележа деветтата рунда од Лига на шампионите. На дуелот меѓу ПСЖ и Висла Плоцк, тренерот на голманите на францускиот тим, Патрис Аноне, доби исклучување од две минути поради несекојдневен инцидент – тој го удри без намера левото крило на Висла Плоцк, Ловро Михиќ, сакајќи да им укаже нешто на своите играчи, но ударот очигледно беше толку силен што Михиќ се струполи на теренот. Судиите веднаш реагираа и го прегледуваа спорниот момент, а ПСЖ остана со играч помалку поради необичната и ретко видена ситуација на европските терени.








