🎥 KАКВА ДРАМА: Автокоманда го слави херојот Галевски – фати ТРИ пенали!
Тимот на Кире Лазаров во Норвешка испиша историја и ќе се бори за трофејот во третото по ранг европско клупско натпреварување – Европскиот куп. Македонскиот тим загуби со 35-32 во пенал серијата, а херојот е голманот Иван Галевски, кој го одбрани последниот шут на Рунар во последната секунда што ќе значеше елиминација. Но следуваше пенал-рулет. По 1-1, во втората серија Галевски му одбрани на Бергли, но промаши и Симоноски. Во третата серија стрелаше Митев, а Галевски одново беше поуспешен, овојпат од Рамбо. Потоа стрелаше и Петковски, а сите надежи на домаќините ги згасна одново Галевски, кој одбрани и трет пенал. Погледнете...