Шутираше пенал, ја погоди голманката во глава и доби црвен картон (ВИДЕО)
Унгарскиот Ѓер немаше големи проблеми против ЦСКА Москва и ја совлада со 32-22 во третото коло од Лигата на шампионите. Домашниот тим тоа го направи без една од најдобрите поединки, Вероника Кристијансен. Таа уште во 18 минута доби црвен картон. Норвежанката шутираше пенал, ја погоди во глава противничката голманка Полина Каплина, а со оглед на строгите правила за удар во тој дел од телото, Кристијансен доби директен црвен картон.