Шест дебитантки во една вечер – Ова е иднината на Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)
На натпреварот против репрезентацијата на Црна Гора за Македонија дебитираа шест ракометарки. Шанса за настап добија Сара Миновска, Теодора Дукоска, Марија Јовановска, Емилијана Ризоска, Бојана Коцева и Ива Младеновска. Од нив Миновска забележа два гола, а Јовановска една интервенција. Сите беа на терен, но другите не успеаја да погодат иако упатија удари кон голот на противникот. Освен Миновска, другите се дел од кадетската репрезентација и ќе имаат уште настапи и како младинки, но вечерва покажаа дека имаат убава иднина пред нив.