Цепелинот на Лазаров и „проектилот“ на Периќ во ТОП 5 голови во ЛЕ (ВИДЕО)

 

 

Капитенот и селектор на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров вчера не успеа да дојде до бодови со тимот на Нант на дуелот против Лемго, но затоа еден од неговите погодоци заврши во првата петка од головите во 2. коло од Лигата на Европа. Неговиот гол е број 5 во колото така што добива ново признание. Меѓу најдобрите пет погодоци е и голот на Јосип Периќ, со кој тимот на Еурофарм Пелистер дојде до реми против Кадетен Шафхаузен.