„Три од три“ за уште поголем мотив, кадетките на чекор до најголем успех (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Женската кадетска репрезентација на Македонија со максимални три победи ја заврши групната фаза на Светското првенство, откако славеше и над Иран со убедливи 31-19. Нашите ракометарки ќе пренесат два бода во главната рунда, каде што ќе се сооочат со Исланд и Шведска. Теодора Дукоска беше најдобар стрелец со шест погодоци во нашата репрезентација, а по четири гола дадоа Младеновска, Борјана Коцева, Ризоска и Јанкуловска, додека одлична на голот беше Чурлиновска. Во главната рунда ќе се соочиме Шведска на 3 август и со Исланд на 5 август. Двата меча ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20:30 часот.