СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Пред 32 години Пелистер и Металопластика, 60 минути се надигруваа, на крај се истепаа (ВИДЕО)

Натпреварите во тогаш салата „Младост“ во поранешна Југославија секогаш беа во центарот на вниманието, а ретко кој тим можел да се пофали дека си заминал од Битола со победа. И средбата меѓу Пелистер и Металопластика одиграна во 1988 година беше таква, а истата имаше неславен крај.Екипата на Пелистер имаше 26:25, а потоа на 3-4 секунди до крајот Веселин Вујовиќ реализираше за нерешени 26:26. Одеднаш настана мешаница и општа тепачка во која не се знаеше кој кого удира.Се работеше за голема тепачка во која подебелиот крај го извлекоа гостите, но средбата беше прекината поради напад над гостинските ракометари, а мечот имаше епилог на зелената маса во Ракометниот сојуз на Југославија.Како изгледаше натпреварот одигран во 1988 година и што се случуваше можете да погледнете во продолжение.