Признание за Сара Ристовска, има Топ 5 погодок во ЛШ (ВИДЕО)

Репрезентативката на Македонија која настапува во редовите на ЦСКА Москва, Сара Ристовска имаше добра партија во дресот на тимот од Русија на средбата против Савехоф, а еден од погодоците се најде во изборот за гол на колото. Ристовска се најде во Топ 5 друштвото каде што е заедно со Нора Мерк (Кристијансанд), Стине Офтедал (Ѓер), Тјаша Станко (Крим) и Луис Бургард (Мец).