Хрватскиот интернационалец Анте Кудуз се врати на тренинзите на македонскиот шампион Вардар.
Кудуз имаше одлични партии против Загреб во СЕХА лигата, но потоа имаше повреда и не беше дел од тимот во стартните две кола од Лигата на шампионите.
Сега проблемите се надминати и левиот бек ќе му стави на располагање на тренерот Веселин Вујовиќ.
Се уште не е сигурен неговиот настап против Еурофарм Пелистер, а би требало да биде подготвен за двобојот со Алборг во Лигата на шампионите в среда.