“Министерот” Борко одбрани два пенали и ја запали публиката во “Јане” (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар играат одлично во второто полувреме против Алборг и водат со 21-18, а заслугите за водството одат на адреса на "министерот" Борко Ристовски. Најпрво одбрани пенал на Бартолд, а потоа уште еднаш му го одбрани ударот на истиот играч по одбиената топка. Неговите соиграчи погодија во следниот напад, а Борко уште еднаш фати пенал, овојпат на Јул Ласен.