Мандалиниќ: И ние и Вардар одигравме машки, го чекаме реваншот во Битола (ВИДЕО)
Левиот бек на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ го заврши натпреварот со пет погодоци со кои беше најефикасен во тимот од Битола заедно со пивотот Томислав Кушан. Задоволен е од натпреварот, а смета дека грешките пресудиле за победникот. Сепак, уште сега гледа оптимистички за дуелот кој ќе се игра во Битола каде што очекува многу подобар резултат. Комплетната изјава може да се погледне и слушне во видеото.