Екс тренер на Вардар заврши во болница!

Поранешниот стратег на ЖРК Вардар, Јан Питлик, ќе биде надвор од ракометните терени во следниот период.

Поради камен во бубрегот тој беше хоспитализиран во болница и не е познато до кога нема да го води неговиот тим Сондерјиске, пишува данската ТВ2.

Сондерјиске без Питлик забележа сензационална победа над фаворизираниот ГОГ Гудме со 32-28.

„Не е нешто премногу сериозно, но сите што имаат камења во бубрезите, знаат колку лоша е болката“, велат од клубот.

Во отсуство на Питлик, улогата на главен тренер ќе ја има неговиот асистент, Расмус Глад Вандбек.